Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95 % во однос на одлуката од минатата недела.
Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-95“, на „евродизел“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1 денар за литар и ќе изнесуваат: за „евросупер БС-95“ – 65,50 денaри, за „евродизел“ (Д-Е V) – 56 денaри, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 45 денари за литар.
Цената на бензинот „евросупер БС-98“ се зголемува еден и пол денар и од полноќ ќе изнесува 67,50 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,637 ден./кг и сега ќе изнесува 35,396 денари.
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот 4,364 %, дизелот 2,798 %, екстра-лесното масло 3,039 % и кај мазутот 3,013 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок 0,43 %, информираат од Регулаторната комисија.